Остров Орлеан

Канада

Остров Орлеан е разположен на река Сент Лоренс и се наоѓа на 5 км растојание од град Квебек. Островот бил еден од првите делови, колонизирани од Франција. Островот може да биде опишан како мал свет од традиционалниот Квебек и како место, каде никнал францускот јазик во Северна Америка. Островот е долг 34 км, широк 8 км изазема површина од 190 км.кв. Тој е со ридски релјеф, мали долини и возвишувања, кои достигнуваат височина од 150 метри. Се нарекува “Градината на Квебек“, поради специјализацијата во одгледувањето на различни плодови, а исто така има и изградени винарии. Се произведува типичниот за Канада јаворов сируп. Островот привлекува повеќе од 600 000 туристи годишно. има многу места за сместување, ресторанти, кои предлагаат локална кујна, галерии и занаетчиски продавници.

Екскурзии и одмори до Канада »