
Миџијама е остров во западниот дел на внатрешното Јапонско Море, кое се наоѓа во северозападниот дел на заливот Хирошима. На јапонски името значи “Остров на храмовите“. Познат е со храмот Ицукушима, објект на светското културно наследство на УНЕСКО. Според податоците, храмот е создаден во времето на императорката Суико.