
Се смета дека, во минатото Капри бил дел од континентална Италија. Пронајдените траги од човечка активност на островот датираат однеолитот и бронзената епоха, но расцветот му се должи основно на дејноста на римскиот император Октавијан Август, а покасно и на неговиот наследник Тибериј. По распаѓањето на Западната римска империја, островот преминува под власта на Наполи, каде во овој период претрпува множество пиратски напади и опустошувања. Во денешно време Капри е популарно летно одморалиште.
Има два градови на островот - Капри и Анакапри, растојанието меѓу двата е околу 2.5 км. Она коешто тука ги привлекува туристите е изобилството на природа и множество руини, архитектурни и историски споменици. Може да се каже, дека со своите живописни глетки и карпести брегови островот сам по себе си е забележителност. Но, ако треба да се нагласат такви, тогаш Азурната пештера („Grotta Azzurra“) е една од најпопуларните. Се наоѓа на морскиот брег од северната страна на островот, каде дел од неа е под водата. Откриена е во 1826 г., а интересен факт е дека, е декорирана со статуи. Друг феномен на остров капри се карпите Фараљони („Faraglioni“) – три варовни карпи, секоја со сопствено име. Светскопознат е тунелот, прокопан во Мезо. Често посетувани од туристе се и црквата Сан Микеле („San Michele“), изградена во 18 век (се наоѓа во Анакапри), маркиот светилник Пунта Карена, изградена во 1866 г., Природната арка („Arco Naturale“) и други.