
Гозо е мал остров во Средоземно Море, дел од малтскиот архиелаг. Островот влегува во државните граници на Малта и е вториот по големина во архипелагот. Гозо е послабо населен и е познат со живописните ридови, кои се прикажани на неговиот грб. Често го нарекуваат Гозо “Островот на Калипсо“, прекар, кој произлегува од легендите за местоположбата на стариот остров Огигија, опишан во Хомеровата Одисеја. Во митот, нимфата Калипсо го задржува Одисеј на својот остров седум години, по патот за родната Итака, по крајот на Тројанската војна. Според локалните преданија Гозо и Огигија се едно исто место.