
Орчха е мал историски град во Индија. Градот е изграден околу 1501 г. од Махараџа Рудра Пратап Сингх. Во минатото градот бил престолнина на краловите од династијата Бундела, и до ден денес изгледа како замрзнат во времето. Градот е познат со својата тврдина зобиколена од ѕидина, која е и најголемата атракција на малиот град. Макар и со население малку над 8,500 жители, сместена во сјајната област Бунделкханд, ова прекрасно градче се одликува со природната убавина и величие.