
Орвието е град во регион Умбрија, Централна Италија. Изграден е на местото на древниот етрурски град - Волсини Ветерес. Градот е расположен врз вулканска карпа, заобиколен од високи карпи. Орвието е град со богато историско минато и забележителна архитектура. Зачувани се многу средновековни и готски згради од 12 и 13 век. Карактеристични се тесните, подредени улички,а до стариот град може да се стигне и со лифт. Под земјата се наоѓаат многувековни лавиринти од над 1200 тунели. Орвието е трговски и индустриски центар, со добро развиено селско стопанство. Регионот е исклучително популарен со производството на вино. Главен економски цектор е туризмот. Најпознатите забележителности во Орвието се стариот град, Плоштадот на Републиката, Катедралата, Папската резиденција, Кладенецот ''Сан Патрицио''.