
Општината во Љубљана, седиште на општина Љубљана, е изградена во 15 век. Во денешниот облик постои од периодот 1717-1719 г., кога е подигнато дополнително крило кон зградата. Главно зградата е реконструирана во 1963 г. Фасадата и' е инспирирана од архитектурен стил во Венеција. Во внатрешниот двор на општината се подигнати фонтана и статуа на Херкулес, дело на скулпторот Франциско Роба.