
Олимпискиот прстен е расположен на ридот Монтжуик и ги вклучува спортските објекти, употребувани при одржувањето на Олипмските игри. Олимпискиот стадион е местото, каде што се одржувале церемониите за отворање и затворање на игрите, како и сите отворени спортски настани. Тој е изграден уште пред Барселона да биде определена за Олимписка престолнина - во 1927 г., по повод подигнувајќи го обидот за кандидатура на градот да биде домаќин на други Олимписки игри - во 1936 г. Денес Олимпискиот стадион е домаќин на два тимови - ''Барселонски змејови'' од Европската лига по американски фудбал и Кралскиот спортски клуб ''Еспањол'' од Професионалната фудбалска лига. За спортски натпреварувања на затворено се користи другиот олимписки стадион - спортскиот дворец ''Св. Ѓорѓи''. Симболот на олимписките игри е Кулата на Калатрава, крстена на името на познатиот шпански архитект, кој ја изградил во 1992 г. Градбата на кулата е таква, што таа може да биде искористена и како сончев часовник. Додека сте тука може да ја посетите и ''Галерија Олимпик'' - интересен музеј, посветен на Олимписките игри.