Олимписка ривиера

Катерини, Грција

Олмписката ривиера се наоѓа на околу 8 км. од град Катерини и располага со хотели со различни категории, добри ресторанти и таверни, продавници, кино, театри, кафичи и многу водни атракции на плажа. Таа е преферирана летна туристичка дестинација како од грчките, така и од странските туристи. Олимписката ривиера е крајбрежна линија со должина од околу 70 км. во подножјето на планината Олимп, позната од грчката митологија. На Олимписката ривиера има неколку одморалишта - Паралија Катерини, Олимпик Бич, Лептокарија и Платамона. Има и неколку помалку познати места, каде може да се најде мир, далеку од буката. Плажите се песочни, а температурата никогаш не е висока, поради близината до планината. Олимписката ривиера е едно од најпосетуваните места за морска рекреација во Северна Грција.

Екскурзии и одмори до Грција »