Океанографскиот музеј

Монако, Монако

Океанографскиот музеј празнично е отворен во 1910 г. од неговиот основач, принц Алберт I. Зградата на музејот на морските науки е вистинско архитектурно ремек-дело, каде фасадата на зградата се издигнува точно над морската површина. Изградбата одзема 11 години. Голем дел ос гостите на градот го определуваат музејот како најзабележителна и убава градба во Монако. Тука посетителите можат да видат експозиции од различни претставители на морската фауна (вклучително некои многу ретки видови и вистински скелет на кит), опрема за нуркање под вода, како и различни предмети, направени од морски материјали. На приземјето често се организираат проекции на научнопопуларни филмови или различни експозиции, посветени на морскиот живот. На најгорниот кат се наоѓа луксузниот ресторант “Ла Терасе“, одкаде може со часови да се наладувате на прекрасната панорамна глетка кон Кнежеството Монако и Италијанската ривиера.

Екскурзии и одмори до Монако »