
Секогаш преполниот од посетители, град Обидуш се наоѓа на 80 км. северно од Лисабон. името му произлегува од латинскиот збор "oppidum", што значи ''утврден град''. Дон Динис I е владетелот, на кого селото ја должи својата популарност: во 1282 г. тој го подарува некогашниот мавритански замок како сваен подарок на свјата идна сопруга Изабела Арагонска. Оваа традиција се чува од сите идни кралови до 1833 г. Градот често е нарекуван “Градот на невестите“, затоа што португалските кралеви тука идале се своите избраници на меден месец. Денес калдрмените улици се опкружени со бели куќи со ултрамаринови или шафран-жилти сергии, опколени со градини, 14 цркви и параклиси и многу занаетчиски продавници. Хероината на градот е барокната сликарка Јозефа де Обидуш (1630-1684), која се населува тука, откако ја напушта родната Севиља. Два пати годишно во Обидуш се празнуваат два од најзабавните фестивали во Португалија. На крајот на март градот станува домаќин на Меќународниот фестивал на чоколадо - време, кога тесните улички се исполнуваат со тезги, на кои се изложени чоколадни деликатеси во сите можни форми. Во јули и август Обидуш се трансформира од доаѓањето на Средновековниот пазар. пред да влезат во околината на пазарот, сите посетители се поканети да ја разменат облеката со средновековни костуми, со што да се претопат во духот на фестивалот. Теренот на замокот е полн со улични музичари и тезги.