
Некогаш изолираното село на врвот на низок рид и синоним на разбојништво, во 19 и 20 век, Нуоро ја преживува својата Ренесанса и се претвора во извор на таленти. Денес музеите во историскиот центар чуваат информација за легенди во титературата и носители на Нобелова награда, како Грација Деледа, Себастиано Сата, Салваторе Сата и други личности на уметноста. Нуоро се наоѓа во централно-источна Сардинија и е шестиот по големина град на островот со население од околу 36 000 жители. Воодушевување претставува гранитниот врв Монте Ортобене (955 м), увенчан од 7-метарската бронзена статуа на Христос Спасител. Оваа височинка претставува погодно место, кое нуди неверојатна глетка кон долината во подножјето и околните планини.