Нувара Елија

Нувара Елија, Шри Ланка

Високопланинското туристичко градче Нувара Елија "градот на светлината" или уште го нарекуваат "Малата Англија" - поради острите врвови, англиканската црква, зградата на плоштадот и зачуваните стари вили, е расположен на височина од 1884 метри во планината Пидуруталагала. Меката благопријатна клима (средна годишна температура меѓу +15 и +20 степени), живопсините полиња и долини, планинските пејсажи  - сето тоа го прави Нувара Елија исклучително популарен. Така наречената "Априлска сезона" во Нувара Елија започнува пред повеќе од 150 години, кога англичаните, за се спасат од горештината во Коломбо, доаѓале тука со своите семејства. Низ годините одморите во април станале традиција и по заминувањето на англичаните, локалните жители го зачувале тој обичај.

Градот, кој скоро не го познава ноќниот живот во останатиот дел од годината, оживува во оваа сезона. Хотелите организираат дискотеки и забавни програми, се одржуваат изложби на цвеќиња и кучиња, натпреварување со коњи и пони.

Во центарот на градот е расположен Паркот Викторија, прекрасно место за пикник и одмор. Јужно од паркот се наоѓа хиподром, каде се одржуваат коњските натпревари во месец април. Езерото Греори, јужно од хиподромот е друга интересна забележителност на градот.

Екскурзии и одмори до Шри Ланка »