
Нијагарските водопади се наоѓаат со свероисточниот дел на Северна Америка. На границата меѓу Онтарио, Канада и сојузната држава Њу Јорк, САД.
Водопадот е поделен на два главни делови, благодарение на Goat Island. Поголмиот дел е наречен Horseshoe Falls. Височината му е 56 метри, а должината на свиокот на билото му е околу 670 метри. Американскиот водопад, кој лежи на десниот брег, е 58 метри.
Водата која тече над Нијагарските водопади е без талог. Тоа допринесува за убавината на глетката и јасното одразување на сончевите зраци во водата. Значењето на водопадот како прекрасен природен спектакл се докажува и низ дејствијата на провинција Онтарио и сојузната држава Њу Јорк. Тие не само што го зачувуваат придобиеното право врз него, но и го претвораат во јавен парк.