Националното гробиште "Арлингтон"

Вашингтон, САД

Националното гробиште "Арлингтон" е воено гробиште во САД, округ Арлингтон, Вирџинија. Се наоѓа во близина на Пентагон, на јужниот брег на река Потомак. Почетокот на гробиштето ''Арлингтон'' се поставува на 13 мај 1864 г. Денешниот вид на надгробните споменици се создава по Првата светска војна. Надгробните плочи се со висина над земјата 61 см, широчина 33 см и дебелина 10 см. На нив се испишани најглавните биографски податоци и комеморативни зборови во 12 редови по 15 знакови. Може да биде прикажан и некаков духовен симбол - христијански, еврејски, муслимански, атаистички и хиндуистички.

Екскурзии и одмори до САД »