
Амбосели е едно од најпознатите места во Кенија, највеќе поради популацијата на приближно 650 слонови, како и поради огромните стада други диви животни - зебри, импали. На заден план кралски се издигнуваат вечно покриените со снег и понекогаш обвиени во облаци врвови на планината Килиманџаро, која се наоѓа на само 40 км и доминира меѓу пејсажот на целиот национален резерват.
Во 1974 г. го добива статутот на светски биосферен резерват, "Амбосели", кој зафаќа територија од 392 км.кв. и покрај релативно малите размери и кревката рамнотежа на својот екосистем, успева да осигури нормално функционирање на најразлични видови на цицачи. Во областа живеат повеќе од 50 видови на големи цицачи и над 400 видови птици. Со карпестиот пејсаж и романтично-мистичната атмосфера, која голмата планина ја создава, Амбосели сосема природно станува сцена на големите ловни авантури во расказите на Ернест Хемингвеј и Роберт Руарк.
Вулканската пепел од последната ерупција на Килиманџаро пред илјадници години придава запрањен вид на многу локалитети во резерватот, но обилните води, кои се спуштаат од истопените планински снегови под формата на подземни потоци, кои ги збогатуваат контрасните зони со бујна растителност. Многуте извори, езерца и мочуришта се вистински рај за дивите животни во резерватот.