
Национален парк „Цаво” е разделен од магстралата Најроби-Момбаса на источен и западен. Ова е најголемиот резерват на Кенија и еден од најопширните во светот, станал омилено место за организирање на афричко сафари. Познат со големиот број на лавови и слонови, кои живеа таму, националнот парк "Цаво" е дом на најразлични видови диви животни, кои преживуваат во негостопримливите безводни вулкански зони, тука се вбројуваат и животните од т.н."голема петорка".
Источен Цаво е помалку посетуван и само јужниот дел, оградена од север од река Галана, е отворена за туристи. Средбите со слоновите се гарантирани за време на целата година, со исклучок на повлажните месеци - мај, јуни и ноември, кога поголемите животни се распрснуваат в различни насоки.
Други животни, кои можат да се видат се хипопотамите, лавовите и стадата зебри. Покрај водопадот Лугард се наоѓа резерватот за црни носорози, предназначен да го заштити овој животински вид, чии претставители се намалија како резултат на неконтролиран лов, до едвај 50 видови. Западен Цаво има помала површина и предлага подостапни услови, иако тој исто така е населуван од многу диви животни, вклучително над 70 видови цицачи.
70 метри широката река, која започнува од изворите Мзима, претставува неверојатно место за набљудување на нилски крокодили и нилски коњи, како и на вообичаените зебри и газели, кои доаѓаат тука да пијат вода.
Паркот опфаќа повеќе од 21 илјади км.кв. - териорија, која надминува, земји како Јамајка.