
Убавината на Словенија е фасцинантна. Очите се полнат со различни нијанси на зеленото и синото - планини, гори, небо - сето тоа е толку убаво, што дури не може да е вистина. ЗАтоа е задолжително да се истражува секое катче.
Националниот парк ''Триглав'' се простира по должина на границата со Италија, блиску до австриската граница. Точно во срцето се наоѓа највисоката планина во Словенија - Триглав (2864 метра), по која е именуван целиот парк. Таа е симбол на државата, прикажана е на националното знаме и грбот на Словенија.
Територијата на овој волшебен парк зазема околу 3% од територјата на Словенија, или 880 м.кв. Ова е еден од најстарите национални паркови во Европа. Објавен е за заштитена територија уште во 1924 г.
Неколку се туристичките маршрути низ националниот парк. По кој од нив да тргнете ќе видите неверојатни природни забечежителности и бесценети катчиња од културното и историското наследство на Словенија, На ваше располагање има достаточно планински домови и места за одмор.