Национален парк „Рантамбор”

Индија

Ова е еден од најголемите и најпознатите национални паркови во Северна Индија. Паркот е расположен на работ на висорамнина, заобиколен од двете страни од реки, а на територијата има неколку езера. Името му произлегува од историската тврдина Рантамбор, која се наоѓа во паркот. Се наоѓа во југоисточен Раџастан, на околу 130 км од Џајпур. Територијата на паркот била дел од ловните полиња на махараџите на Џајпур. Површината на Рантамбор изнесува 392 км. кв. и е едно од најпогодните места во Индија, каде туристите можат да ги видат животните во природната средина. Основан е во 1955 г., а во 1973 г. е објавен за еден од резерватите по „Проект Тигар“, кој има за цел да ги зачува овие прекрасни животни. Тигрите во паркот лесно можат да бидат видено дури и преку ден. Освен тигри тука живеат и леопарди, антилопата нилгау, индиски елен, свиња, хиени како и многубројни птици и влечуги. Во паркот се наоѓа и едно од најголемите дрвја од банани во Индија.

Екскурзии и одмори до Индија »