
Откриен за посетители во 1949 година и објавен од УНЕСКО во 1997 г. за дел од светското културно наследство, националниот парк "Планината Кенија" претставува еден од највпечатливите пејсажи на Источна Африка.
Планината се' уште ги чува останките од 12 глечери, кои бавно ги снемува. Четири пониски врвови го образуваат венецот на глацијалната долина слична на формата на потковица, која е покриена со килим од диви цвеќиња. Со своите назабени, покриени со глечери врвови и шумски падини во пониските делови, планината Кенија е незаборавна глетка за љубителите на природата.
Интересен факт, поврзан со планината Кенија е, дека со своите 5199 метри - истоимениот планински првенец е вториот по височина врв во Африка. Друго име, под кое е позната, е "Кере Нијага", што значи "Планината на светлината" - локалните жители веруваат, дека таму живее врховното суштество Нгаи.