
Национален парк „Кругер“ е еден од најголемите резервати во светот и најголемиот во ЈАР. Паркот го носи името на својот основач Паул Кругер - петтиот преседател на Јужноафриканската Република. Освен улогата на политичар и воен лидер на земјата во текот на целиот свој живот Кругер бил голем љубител на природата. За заштита на локалниот животински свет, во 1898 г. по негова иницијатива е создаден резерватот „Саби“, на територијата на која ловот бил забранет. Во 1926 г. кон него е присоединета и територијата на резерватот „Шингвезди“, со кое се поставува почетокот на Национален парк „Кругер“.
Денес паркот зазема површина од блиску 20 илјади км. кв. и е расположен на територијата на провинциите Лимпопо и Мпумаланга. На север граничи со Зимбабве, а на исток со Мозамбик. Јужниот дел на паркот е савана, покриена со грмушки и треви. На север, во посувиот дел на паркот, растителноста е савана и со редок мопан - главен дрвен претставител. Животинскиот свет е најразновиден. Тој е дом несамо на „Големата петорка“ - афрички бивол, леопард, лав, слон и носорог, но и на 517 видови птици, 114 видови влечуги. Исто така има и антилопи, зебри, а централниот дел на паркот е населен и од жирафи. По бреговите на река Мапуто, јајца снесуваат кожни желки - најголемите желки во светот, кои достигнуваат тежина до 870 кг.
Паркот годишно се посетува од милиони туристи. Според голем дел од нив паркот „Кругер“ е вистински рај, каде може да се потопите о дивата природа и да допрете до локалните жители, кои се шетаат во целосен спокој.