Национален парк „Корбет”

Индија

Ова е најстариот резерват во Индија, основан во 1936 г. и го носи името на прочуениот ловец и истрачител на природата Џим Корбет. Паркот зазема површина од над 500 км.кв. во подножјето на Хималаите. Националниот парк е познат со разновидната дива природа. Тој е еден од деветте резервати за тигри, создадени при започнувањето на проект „Тигар“ во 1973 година. Најпознатите жители се тигри, слонови, индиски елени, кралски кобри, летачки лисици, индиски вид на мравки и скоро 600 видови на птици.

Екскурзии и одмори до Индија »