
Националниот парк "Брајс Кањон" се наоѓа во југозападниот дел на сојузната држава Јута, на висина од 2400 до 2700 метри. Геолошките структури, наречени худу (hoodoo) се формират под влијанието на ветарот, водата и мразот. Паркот го носи името на Ебенезер Брајс (Ebenezer Bryce), кој е еден од пионерите во околината, кој се населил тука околу 1875 г.