Национален парк Бедландс

САД

Национален парк  Бедландс се наоѓа во југозападниот дел на сојузната држава Јужна Дакота и претставува необично убав полупустински пејсаж. Карпите се формирале од поселдователно натрупување на песок, тиња, слина и вулканска пепел пред милиони години. фосилите, кои се наоѓаат во овие карпи укажуваат, дека тука во минатото живееле уникатните коњи со три прсти на ноѕете, сабјозабни тигри, необични свињи, суштества слични на слонови, древни носорози и камили со големина на куче. Илјадници години подоцна р. Вајт го издлабува коритото во меките карпи. Како резултат на тоа карпите добиваат необични форми - столбови кои стрчат конуси и карпести игли. Тука индијанците ловеле од најдалечното минато, а во декември 1890 г. белите доселеници го погубиле племето лакота.

Екскурзии и одмори до САД »