
Ао Панг Нга е национален парк во провинцијата Панг Нга во Јужен Тајланд. Тој е создаден со кралски указ и е објавен во Кралски весник со прокламирање во 1981 година. Поголемиот дел од паркот се состои од околината на Андамско Море, кој е богат со бројни варовнички карстни острови. Као Финг Кан, е најпознатиот остров така што, таму е сниман дел од филмот “Човекот со златниот пиштол“ од серијата филмови на Џејмс Бонд. Паркот исто така заштитува и голема површина од мангрови шуми, кои останале во Тајланд. Ао Панг Нга покрива 400 километри, и е дом на повеќе од 40 острови со масивни вертикални камени лица, многу од кои пазат тајни пештери, достапни само за врме на одлив, кои водат до скриени лагуни, заобиколена од тврди камења.