
Национален парк "Јелоустоун" се наоѓа во северозападните делови на САД, првично на територијата на ајоминг, други делови од Монтана и Карпестите Планини во Ајдахо и опфаќа површина од 8 980 км2. Создаден е на 1 март 1872 г., и е најголемиот во САД и првата во светот заштитена природна територија. Тој е дел од екосистем со планински масиви, езера, реки и шуми. Едни од најголемите забележителности се вулкаснките карпи од црн обсидијан и многуте гејзери и врели извори. Најголемиот и највисокиот гејзер е ''Стимбоут''. Но меѓу најпознатите е гејзерот ''Олд Фејтфул'', така наречен поради точноста на еупциите. Една ерупција може да испушти 14 и 32 000 литри вода на височина од 30 до 55 метри и обично трае меѓу 1,5 и 5 минути. Еден од најголемите пожари (кои всушност се случуваат секоја година) е во 1988 г. и уништува скоро 1/3 од паркот, кој е погат со растителни и животински видови - гризли, волци, вилорога антилопа, бизон. Во Јелоустоун може да се лови риба, да се вози бродче и да се прават долги прошетки.