Грузискиот национален музеј е основан во 1852 година. Зазема неколку згради во центарот на град Тбилиси, каде основната експозиција е расположена на булевар "Руставели". Музејот содржи илјадници грузиски и кавказки археолошки и етнографски експонати. Постојаната експозиција во хронолошки поредок ја покажува историјата на грузиската култура од бронзена епоха до почетокот на 20 век.