Национален меморијал на Маунт Рашмор

САД

Планината Рашмор е национален споменик во САД, кој се наоѓа во Јужна Дакота, во околината на Кистоун, на височина од 1745 метри. Планината Рашмор ги симболизира првите 150 години од историјата на САД. Меѓу 1927 г. и 1941 г. врз површина од околу 5 км. кв. се издлабени лицата на четири американски претседатели, од лево на десно: Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Теодор Рузвелт и Абрахам Линколн. Тие се избрани поради нивната улога во зачувувањето на републиката и раширувањето на нејзината територија. Почетокот е поставен од скулпторот Гитзан Борглам во 1927 г., кој заедно со 400 работници ја започнува изградбата на огромните статуи. Образот на Џорџ Вашингтон е завршен на 4 јули 1934 г. Две години подоцна претседателот Рузвелт го октрива ликот на својот претходник Томас Џеферсон. По повод 150-тата годишнина на американската конституција, е завршен и споменикот на Линколн на 17 септември 1937 г. Официјално споменикот е откриен на 31-ви октомври 1941 г. Во својот поголем дел Планината Рашмор се состои од гранит. Блиску 90% од Планината Рашмор е извајана со помошта на динамитни експлозии. Деталите по лицата на претседателите биле оформени со пневматичен чекан. И покрај исклучително опасните услови на труд на работниците, кои се спуштале надолу по карпите, врзани со челични јажиња, за 14-те години градбени и скулптурни дејности нема ниту еден смртен случај. Целосниот план на скулптурот не е исполнет. Се предвидувало претседателите да се извајаат од главата до половината во карпите, но работата е прекратена поради ненадејната смрт на Борглам. Подоцна неговиот син се залага да го заврши делото на татко му, но финансирањето на проектот е запрено, затоа што парите биле пренасочени за ресурсите на Втората светска војна.

Екскурзии и одмори до САД »