
Плака е живописна населба во подножјето на Акрополот со малите улички, стари згради и одлични мали ресторанчиња. Шетајќи се низ сложната испреплетеност од улиците во Плака, многу од нив изработени според стариот план на градот, човек лесно може да стигне до заклучок, дека ова е најстарата населба на модерна Атина. Обликот и атмосферата на ова низ вековите не се промениле воопшто.
Уличките се доста тесни и тихи, опколени од мали, пријатни куќи и споменици, кои потсеќаат на минатите времиња. Уникатната комбинација на византиска уметност и древните архитектурни стилови, го прави ова место навистина неповторливо по својата убавина. Тука се' се развивало додека на се дотигне идеална хармонија - на минатото и иднината, на забава и култура, на потребите на туристите и на локалните жители.