
Бо Каап, познат под името ''Малајската населба'', се наоѓа недалеку од централниот дел на Кејптаун. Неговите јарко обоени, уникатни по стил куќи, некои од кои датираат од 18 век, заедно со калдрмените улички им осигуруваат на посетителите неверојатни можности за фотграфирање. Бо Каап зазема површина од 1 км.кв., кадешто живеат околу 6 илјади жители.