
“Биненхоф“ е најстаиот дел од Хаг. Ова е местото, каде во 13 век е создаден градот. Со текот на времето селото се' повеќе просперирали и се претворело во центар на текстилната и пиварската индустрија. На ова место германскиот принц Вилхелм II решил да изгради прекрасен замок, но пред да успее да о направи загинува во битка. Неговиот син Флорис V ја изградил Салата на витезите, откаде денес кралицата секоја година му се обраќа на народот. Пред зградата се издигнува фонтана со статуата на Вилхелм II од 19 век. Малата кула, уште позната како Кулата на министрите, изградена е во 15 век. Во минатото кулата се користела како одбранбен и набљудувачки објект зклад и затвор. Од средината на 19 век тука се наоѓа кабинетот на премиерот.