Назаре

Португалија

Назаре е бучно одморалиште лоцирано на атланскиот брег. Градот е поделен во 3 дела и тоа: А Praia – кои се протега по долж на морскиот брег со плажа во должина околу 4 км., Pederneira, стариот град на ридот, O Sítio – стариот град кој има голема тераса со панорамски видиковец кон одморалиштето каде може да стигнете по стрмни скалила, пат или фуникулер жичница. Името Назаре произлеува од статуата на Св. Богородица која според преданијата е донесена од Назарет од еден монах во четвртиот век. Тоа е причина за изградба на црквата Св. Богородица од Назарет на главниот плоштад на O Sítio.

Сантијаго де Компостела

Шпанија

Сантијаго де Компостела е град во северозападна Шпанија. Тоа е познато поклоничко место во северозападна Шпанија кој е симбол на шпанската борба против исламот. Уништен од муслиманите кон крајот на X век. и целосно обновен во следниот век . Со римски, готски и барокни згради, стариот град Сантијаго е еден од најубавите градски реони во светот. Најстрите споменици се концентрирани околу гробницата на St. James и катедралата.

Низ времето Сантјаго де Компостела бил под различни влијанија во кои се вкомпонирани различни стилови со локални традиции.Резултатот од тој микс е град во кој што оригиналната галициска архитектура со своите типични дрвени галерии и традиционални материјали како камен дрво и железо кои се вградни во големи паметници кои што претставуваат прекрасен поглед во историјата на европската и универзалната уметност.

Екскурзии и одмори до Португалија »