Мускат

Мускат, Оман

Мускат е главниот град и пристаништето на Оман. Во градот се наоѓа и резиденцијата на владата на султанот. Мускат е еден од најубавите градови во Персискиот Залив. Првото споменување на градот е од 2-ри век, а во 1507 г. Португалија го завладејува Мускат. Во 1649 г. градот веќе е под власта на султан бен Саиф. Во 1737 г. Мускат се претвора во сопственост на персијците. Мускат често е нарекуван Султанскиот град. Градчето е создадено по сливањето на денешните три големи населби на градот - Маскат, Мутрах и Руви. Маскат е древниот притаништен град. Мутрах е станбениот дел на градот, со поевтини хотели и популарни пазари. Руви пак е бизнис-областа на градот со модерните згради. Најинтересните градски забележителности се Џамијата Али, Новиот Султански Дворец - Кабуз, познат со убавите градини, како и населбата на арапските куќи, со живописните тесни улички. Интересни за посета се исто така Заливот со Аквариумот, историскиот музеј на Оман - Медина Кабуз, како и Султанскиот музеј на Вооружените сили. Кога ќе го посетите Мускат, не треба да ги пропуштате и многубројните локални рибарски пазари.

Екскурзии и одмори до Оман »