
Природонаучниот музеј на вкаменетата гора е основан во 1944 г. а о-в Лесбос. Создаден е со цел изледување, раскривање, заштита и чување на вкаменетата гора на Лесбос - меѓународно признат природен споменик. Музјот се наоѓа до селото Сигри во западниот дел на Лесбос. Зградата на музејот е голема модерна градба со површина од 1600 м.кв. Музејот е под јурисдикцијата на Министерството за култура на Грција и е првиот музеј по природна наука, основан од грчката држава. Во 2001 г. музејот е почестен со награда од Eurosite за откривањето и управувањето на Вкаменетата гора. Музејот е еден од главните членови на Европската мрежа од природни паркови. Во 2004 г. е вклучен во Списокот на УНЕСКО, а денес е едно од најатрактивните места за туристите на о-в Лесбос.