Музеј за историја на уметноста

Виена, Австрија

Музејот за историја на уметноста е отворен во 1891 г. заедно со објектите наспроти него и скоро идентичниот по надворешен вид Природонаучен музеј. Идејата за создавањето на музејот била на императорот Франц Јозеф I, во рамките на ширењето на градот во 1858 г. Музејот е изграден во стил на италијанска ренесанса по проект на Готфрид Земпер и Карл фон Хазенауер и станува дом на богатите сликарски колекции на австрискиот император. Во тој период веќе постоеле такви музеи, кои настанале брз основа на кралски колекции во други земји. Во Виена решиле да создадат не еден, а два музеи, каде ќе бидат изложени природни и сликарски експонанти. Така настанале зградите близначки на Природонаучниот музеј и Музејот за историја на уметност.

Екскурзии и одмори до Австрија »