Моцаметски манастир

Кутаиси, Грузија

Во 8 век при стапувањето на арапите во Имеретија (област во Централна Грузија) арапската војска била ослабена од имеретите под водство на браќата Давид и Константин Арагвети. Кога разбрал за тоа, арапскиот водач Мурван силно се разгневил и ја испратил огромната војска против Грузија. Во жестока битка арапите ги поразиле грузијците, а кнезовите Давид и Константин биле одведени во робство и биле подложени на жестоки измачувања. Импресиониран од машкоста на двата браќа, Мурван им предложил да им ги поштеди животите, ако го примат исламот. Давид и Константин се спротиставиле и Мурван заповедал да бидат удавени во реката со камења на вратовите, Христијаните им ги извадиле телата од реката и ги погребале во пештера покрај Кутаиси. Во 12 век за време на лов, царот Бограти Велики попаднал на останките во пештерата и во чест на двата браќа го изградил Моцаметкиот манастир (Манастир на мачениците), во чијашто црква „Моцамета“ биле преместени останките на Давид и Константин.

Екскурзии и одмори до Грузија »