Мостот „Хоенцолерн“

Германија

Мостот „Хоенцолерн“ е граден меѓу 1907 и 1911 година, откако стариот мост бил разрушен, зошто не успевал да го издржи брзорастечкото насление. Тој е изграден над река Рајна, до Централната железничка станица на Келн. Мостот е познат меѓу вљубените, кои закачуваат катинари и го фрлаат клучот во водите на реката, во знак на нивната љубов, која никогаш нема да изгасне. Крестен е по династијата „Хоенцолерн“, која управувала со Германија до 1918 година, кога поради револуцијата биле принудени да се повлечат од власта. Тој исполнувал важна транспортна улога за време на Втората светска војна и покрај нападите успеал да издржи. Во 1945 г., тој бил детониран од германските војници, со цел да го заштитат Келн од сојузничките војски. По војната тој за брзо време бил изграден одново, во 1948 г., и денес повеќе од 1200 возови поминуваат покрај него секојдневно и е често посетуван од туристите, поради неверојатната глетка, која ја предлага.

Екскурзии и одмори до Германија »