
Мостот „Харбор“ е најголемиот мост во Сиднеј и едне од најголемите во светот со форма на арка. Мостот се смета за една од најзначајните забележителности во градот. Изградбата траела неколку години. Во употреба е пуштен на 19 март 1932 г. Целосната изградба на мостот чини 6.25 милиони австралиски долари. Мостот има осум ленти, вклучително и лента за пешаци и велосипедисти и е долг 1149 метри. Тој го поврзува деловниот центар на градот со северниот брег, при што го сече заливот “Порт Џексон“.