
''Понте Векио'' е најстариот и единствениот мост во Фиренца, спасен од нацистите. Неговата историја започнува во 1333 г., кога тој е изграден на местото на предишен мост, однесен од реката Арно. Војвода Фердинанд I го поклонува на еснафот на златарите, од каде го добива и името. Во центарот на мостот има биста на Челини. Над продавниците на мостот минува прочуениот ''коридор Васари''. Тој е проектиран од познатиот архитект Васари, за да го осигура безопасното минување на војводата Козмо I Мадичи од зградата на владата - Уфици до дворецот Пити. Првенствено продавниците на мостот биле зафатени од различни занаетчии и касапи, но откако војводата се жалел од непријатните мириси, кои се ширеле оттаму, на нивното место дошле златари. Така и до ден денс на ''Понте Векио'' првенствено има продавници за накит.