Мостот Голден Гејт

САД

Една од најубавите глетки во САД е глетката кон Голден Гејт бриџ во Сан Франциско. Според информации од Американскиот институт по архитектура од 1999 година, мостот е меѓу 5-те најубави архитектурни забележителности на САД. Мостот Голден Гејт е завршен во 1937 г. и е најдолгиот висечки мост во времето на своето создавање. Во следните декади се изградени 8 мостови, кои ја надминуваат должината на Голден гејт само со неколку педи.

 

 

Мостот се простира над теснецот Голден гејт и го разделува Тихиот Океан од заливот Сан Франциско. Голден гејт бриџ продолжува да биде носител на „сребрениот медал“, така што и до денес е вториот по должина висечки мост во САД. Мостот Голден гејт исполнува исклучително важна функција да го поврзува Сан Франциско со округ Мерин. Без спор мостот се утврдил како меѓународно признат симбол на Сан Франциско и сојузна држава Калифорнија.

 

 

Освен својата важна инфраструктурна улога, тој е познат и со својот прекрасен дизајн и величествени размери. Потпорните кули на мостот се високи околу 750 метри, а самиот мост е долг над два километри. Поради оваа причина Голден гејт се смета за најфотографираниот мост во светски размери. Секојдневно илјадници пешаци се насладуваат на романтична прошетка над океанскиот шир. Ако сте решиле да го поминете целиот маршрут, меѓу двата краеви на мостот, бидете сигурни, дека ова е една од најфантастичните и адреналински прошетки. Освен прекрасната глетка кон океанот, можете да се насладите и на неверојатни панорамни глетки кон доста од забележителностите и згради во град Сан Франциско.

Екскурзии и одмори до САД »