
Минхен е административен и политички центар на германската провинција Баварија. Со своите 1,5 милиони жители градот се реди на трето место по големина во Германија (по Берлин и Хамбург) и на 12-то место во Европа. Во градската агломерација на Минхен се вклучуваат околу 3 милиони жители.
Минхенската метропола е една од економски најуспешните и најбрзо развивачките во Европа. Таа е седиште на голем број компании, меѓу кои се „Алианц“, BMW, „Линде“, Минхенската осигурителна компанија „Минхнер Рук“, „Сименс“ и др. Според меѓународната консултанстка компанија „Mercer“ во 2014 г. Минхен е класиран меѓу 50-те големи градови во светот, каде во секто „Инфрструктура“ се реди на второ место, а по квалитет на живот - на четврто место. Минхен се слави со своите пивски традиции. Тука се наоѓаат шест големи пивари, кои го знабдуваат со пиво познатиот празник на пивото „Октоберфест“, кој се одржува секоја година од крајот на септември до почетокот на октомври.
Бавасрката престолнина не е само крупен индустриски, но и истражен центар. Благодарение на знаменитите универзитети, Баварската државна библиотека (една од најголемите во Европа), истажниот институт „Макс Планк“, Техничкиот универзитет и многу други научни претпријатија, Минхен држи тврди позиции во европската наука.
Забележителностите и можностите за пазарење во Минхен, како и саемите и конгресите, привлекуваат многубројни туристи и посетители. Во 2008 г. специјалното жири на National Geographic Traveler го поставува Минхен зна 30-то место во ранглистата на најдобрите 110 историски места во светот.
Минхен е богат со музеи, многу од кои се создавани во текот на векови. Ова богатство се должи на Лудвиг I Баварски, кој ги основал најубавите музеи во градот - Старата Пинакотека, Новата Пинакотека и Глипотеката. Големата гордост на бавасрката престолнина е Германскиот музеј на достигнувањата на природните науки и техниката (Дојчес Музеум) - најголемиот технички музеј во светот. Од особен интерес за туристите претставуваат и Музејот на BMW, Баварскиот национален музеј, Домот на уметноста и Музејот на играчките. Освен со се' досега наброено баварската престолнина ги привлекува своите посетители и со неверојатната градска атмосфера, која е должи на архитектурните забележителности, како централниот плоштад „Мариенплац“ со новата и стара општина, катедралниот храм „Фрауенкирхе“, најстарата црква во градот „Св. Петар“, дворецот „Нимфенбург“, Максимилениумот (зградата на баварскиот парламент), Англиската градина, Олимпискиот парк, пиварата „Хофбројхаус“ и многу други.