Микена

Пелопонес, Грција

Микена е археолошко село во Грција, кое се наоѓа на околу 90 км. југозападно од Атина, на североисток од Пелопонес. Микена била еден од најважните центри во минатото, а Микенското царство е всушност првата грчка цивилизација,заменувајќи ја критско-минојската воена доминација околу 400 г. над голем дел од јужна Грција. Господувала по земјите на источното Средоземноморие, Микенската цивилизација ги положила основите на класичката грчка култура и ги определила насоките на нејзиниот развиток. Ова е и причината периодот околу 1600 г. п.н.е. до 1100 г. п.н.е. да се нарече микејски период. Се смета, дека името Микена не е грчко, а веројатно предгрчко и наследено од претходните локални жители. Предгрчкиот јазик е непознат дене, а нема силни докази за користењето на индоевропски јазик.

На територијата на древниот град Микена се откриени фрагменти од глинени садови, кои датираат од пред 3500 г. п.н.е., од времето на неолитот. Најдени се останки од периодот 2100 г. п.н.е. до 1700 г. п.н.е. од раната бронзена епоха. Од средната бронзена епоха (1800 - 1700 г. п.н.е.) датираат првите откриени гробови и погребни шахти. Акрополот или „високиот град“ на Микена е создаден во раниот 15 век п.н.е., а околу 1350 г. п.н.е. тој и околните ѕидини се обновени во „циклопски стил“. Легендата раскажува, дека изградбите се дело на циклопи, поради големите размери на камените блокови, од кои се изградени. Двата најголеми градови на микенското царство - Микена и Тиринт, се воспеани и овековечени во епските поеми на Хомер - Илијада и Одисеја, а самата Микена е опишана како царството на Агамемнон - град, кој 400 години доминирал во грчката историја. Микена е откриена од археологот Хајнрих Шлиман во 1866 г. Микена е вклучена во списокот на УНЕСКО за светско наследство.

Екскурзии и одмори до Грција »