
Мехелен е град во Северна Белгија, кој се наоѓа меѓу Брисел и Антверпен. Мехелен се наоѓа на брегот на река Дејле и има население од околу 80 000 жители. Амблематична зграда е катедралата, изградена во готски стил “Свети Румболд“, која е под заштита на УНЕСКО. Меѓу познатите историски забележителности се базиликата “Богородица од Хансвик“ и црквата “Св Петар и Павел“. Интересен е фактот, дека во градот има Академија за камбанска уметност и Мехелен е познат како светски центар на камбанската музика.