
Метеора е облат, во која се наоѓаат седум манастири. Тие се наоѓаат на 400 мтери височина на карпести и тешко достапни врвови. Областа е впишана во списокот на УНЕСКО за светско наследство.
Историјата на овие манастири започнува во XIV век, кога во Грција настапуваат тешки години за христијанската вера, поради опсадата на Оманската империја. Тогаш грчки монаси градат манастири високо во планината, за да можат да бидат скриени од рациите. Биле издлабени дупки во карпите или врзани мостови, со помошта на кои верниците успеале да се доближат до Бог.
Од сите манастири, во карпите на Метеора се зачувани само седум од вкупно 24 постоечки. Денес чест од манастирите се отворена за посета и се една од најаткрактивните дестинации за љубителите на природата, архитектурата и верата. Има изградена инфраструктура, со помошта на која е максималното олеснет достапот до шесте функционирачки манастири.
Низ сите векови манастирите и карпата изградиле симбиоза до совршенство. Врвовите има форма на кули, кои се издигнуваат до небото. Погледнати од далаку, кулите ги обиколиле манастирите како заштитна ѕидина. Глетката од манастирот е нешто, што може да биде видено на многу малку места по светот. Прекрасна комбинација меѓу зеленило, камени фигури, високопланински птици и згради, исполнети со дух на верата и надежта.