
Малбурн е админстративен центар на сојузната држава Викторија, Австарлија. Градот е еден од главните трговски, индустриски и културни центри во државата. Исто така се смета за спортска престолнина на Австралија, поради тоа што тука се одржуваат многу спортски и културни настани. Мелбурн е познат со комбинацијата од викторијанска и современа архитектура, многуте паркови и градини и многунационалното население.