Мајами

САД

Честопати нарекуван „Престолнината на Латинска Америка“, Мајами е вториот град во САД со најголема шпанско-говоречка заедница, од кои голем дел со кубанско потекло.

 

Мајами се наоѓа во југоисточниот дел на САД, на Атлантското крајбрежје. Се наоѓа во сојузната држава Флорида и е нејзиниот најголем град. Населенито на градот е малку над 400 000 жители, но градската агломерација надвишува 5.5 милиони жители.

 

Мајами е еден од водечките финансиски, трговски и културни центри во државата. Меѓу туристите најпознат е со многубројните можности за забава, со активниот ноќен живот и прекрасните плажи. Некои од најпознатите атракции и објекти за посета во градот се: морскиот аквариум и зоолошката градина, која поради благопријатната клима успева да засолни големо разнообразие од животни, од нјразлични географски ширини; музејот на науката и детскиот музеј. Но без сомнеж Саут Бич (South Beach) е едно од местата, кои привлекуваат најмногу посетители - тука се среќаваат карјбрежните плажи со многу ресторанти, барови и кафичи. Местото многу често е нарекувано Соби, кратенка од целото име.

 

Помалку познат, но интересен факт е, дека првиот лосион за заштита од сонцето е создаден од жителите на Мајами - фармацевтот Бенџамин Грин, кој создава козметички продукт во не толку далечната 1944 година.

Екскурзии и одмори до САД »