
Мачу Пикчу (буквално Стар врв) е архитектурен комплекс во современо Перу, изграден од инките во 15 век. Тој влегува во списокот на светското културно наследство на УНЕСКО. Дворците, храмовите и домовите се на 430 метри надморска височина на Андите. Нарелен е уште ''Изгубениот град на инките''. Бил создаден како света планинска резиденција на великиот владетел на инките Пачакути, еден век ред неговата империја да падне, т.е. околу 1440 г. и функционирал до 1532 година, кога шпанците ја анектираат територијата на империјата. Во 1532 година сите жители таинствено исчезнуваат. Со скромните размери Маќу Пикчу не може да ја преземе улогата на голем град - во него има не повеќе од 200 објекти. Тоа се храмови, резиденции, складови и други простории. Голем дел од нив се изработени од добро обработан камен и цврсто залепени една до друга плочи. Се смет, дека таму живееле до 1 200 жители, кои се молеле пред богот на Сонцето Инти и одгледувале селскостопански култури на терасите. Површината на светилиштето е 325 м.кв. Средната височина е 2 350 метри. За градот на инките, кој со векови по ред се криел од непознати очи високо во џунглата на перуанските Анди (2 350 м) над река Урубамба, и неговите жители нема зачувани писмени податоци (инките немале писменост). Не е јасно зошто го напуштиле - една теорија раскажува, дека ги прогонила епидемија од големи сипаници. Се смета, дека градот бил населен, се' додека шпанците не го преџемаат Перу во 1532 година.