
Матмата е мал берберски град во јужниот дел на Тунис. Популарно меѓу туристите е поради домовите на троглодитите. Тие се едно од најдревните племиња, кои го населувале Тунис. Некои од локалните жители живеат во традиционални подземни куќи, кои се создадени со ископување на голема јама во земјата.
По периметарот на оваа јама се ископуваат вештачки пештери, кои се користат како простори. Некои од живеалиштата се состојат од множество јами, поврзани со канали.
До 1967 г. се сметало, дека во оваа област нема село, а само скитачки номадски племиња. Истата година интензивните дождови, траеле 22 дена, ги поплавиле куќите на троглодитите и многу од нив се срушиле, последователно на кое е изградено копненото село Матмата. И покрај тоа, повечето од луѓето го продолжуваат животот во преизградените подземни домови и само неколку од семејствата се преместуваат во новите живеалишта на површината.
Денес Матмата е популарна туристичка атракција и поголем дел од населението има туристички и фолклорни изложби во своите домови.
Во 2004 г. населението на Матмата изнесува 2116 жители.