
Во месноста „Маска“ се наоѓа мало село со истото име кое што се состои од десетина куќи во областа Сантјаго дел Тејде. Заради неговата локација се зборува дека тоа е последното скривалиште на локалните гуанчи кои што се криеле од шпанските конкистадори. Се наоѓа на 600 метра надморска височина и било изолирано до 1970 година кога започнало изградувањето на патот кој што поврзува Сантијаго дел Тејде и Буена Виста дел Норте. Од село Маска до океанот има неверојатна и живописна клисура Barranco de Masca. Преку клусирата може да се направи пешачки поход кој што не е особено тежок, но е потребна планинска опрема. Има легенди кои што раскажуваат дека пред многу година клусирата била скривалиште за пирати. Крајот на клисурата се отвора кон океанот кај девствената плажа "Маска" - шармантен залив во кој можете да пливате меѓу кристални води или да земете брод и да уживаат во незаборавно патување.