
Мартина Франка или само Мартина, е вториот по големина град во провинцијата Тарано, регион Пулија. Со население од над 49 000 жители, во провинцијата е претекнат само од главниот град Таранто. Мартина Франка, како и Бари, има добро запазен стар град, околу кој се' уште стојат градските ѕидини и убавите барокни порти, кои ги воведуваат посетителите кон тесните, криви улички. Во центарот на стариот дел се простира плоштадот Рома, интересен со триаголните тревни површини, точно пред дворецот ''Дукале''.
Во малите долини покрај градот се одгледуваат бели вински лозови сорти и маслинки. Едно од основните занимања во Мартина е производството на бело пенливо вино Спуманте.